Жена глумела дека е фотограф со цел да ѝ го украде бебето на една млада мајка

Млада мајка од САД не се надевала дека нешто лошо може да ја снајде откако во Фејсбук група за млади мајки забележала објава од Џулиет Паркер која тврдела дека е фотограф и дека ѝ се потребни фотографии од новороденчиња за портфолиото и дека е спремна да ги направи бесплатно за некоја нова мајка.

Жената се пријавила на „огласот“ и 38-годишната Џулиет дошла во нејзиниот дом за да го фотографира бебето. Првиот и вториот пат таа дошла сама и работите не изгледале сомнителни. Веќе третиот пат жената дошла со својата 16-годишна ќерка. Паркер и нејзината ќерка ѝ однеле на жената колаче. Но, штом го изела колачето на младата мајка почнало да ѝ се лоши.

Таа веднаш реагирала и се јавила во полиција и во болница. Подоцна сфатила дека Џулиет ѝ ги украла и клучевите од куќата. Кога полицијата пристигнала мајката и ќерката веќе не биле во домот на жртвата. Во колачето имало дрога, а мајката ја забележала Паркер како прави селфи со нејзиното бебе и почнала да ги брише отпечатоците кои ги оставила низ куќата.

По истрагата полицијата собрала доволно докази и ги уапсила Џулиет и нејзината 16-годишна ќерка во нивниот дом. Всушност Џулиет таргетирала неколку млади мајки и нејзината цел била да украде едно од бебињата, кое најмногу ќе ѝ се допадне и да го расте како „свое“.

Од полицијата ѝ ги смениле бравите на жената во случај Џулиет да ги копирала клучевите или да ги дала на некој трет. Паркер била уапсена под обвинение за повеќе кривични дела, вклучително и напад и обид за киднапирање, а сега го чека своето судење.