Жена го изненади вереникот со венчавка, откако ѝ здодеало да чека

Проактивна идна невеста решила да го изненади својот вереник со венчавка откако повеќе не можела да го чека големиот ден. Никол Арнет, од Британска Колумбија, Канада, се свршила во 2014 година со нејзиниот партнер Даниел, откако ја запросил со прстенот на неговата баба во интимна домашна атмосфера.

Тие сакале да подготват венчавка и постојано се договарале, но нешто секогаш излегувало и работите се менувале.

40-годишната Никол, која работи како агент за недвижнини, објасни: „Сфативме дека не сакавме свадба, затоа ја одложивме; ние само сакавме да бидеме во брак еден со друг, што беа две многу различни работи.“ Така откако тие биле верени цели 6 години, Никол смислила едноставно решение кое ќе им ги „скрати маките“ за венчавката.

Со помош на пријателите и семејството, Никол успеа да ја организира церемонијата за само две недели додека нејзиниот сопруг не бил свесен за тоа. Бидејќи истиот ден бил нејзиниот роденден, таа го искористила изговорот дека си подготвува роденденска забава кога нарачувала торта и кетеринг.

Дел од венчавката бил и нивниот син, а Даниел изјавил дека не можел да биде поизненаден и воопшто не очекувал вакво нешто.