Жена изгуби 101 килограм, затоа што се плашела дека ќе стане „меме“
Оваа мајка тежела 172 килограми и додека се возела во авион морале да ѝ донесат продолжен појас за да одговара со седиштето на авионот. Таа се исплашила дека некој ја фотографирал и дека ќе стане интернет меме.
Додека работела како менаџер во аптека Меган Мекормак ги прескокнувала нормалните оброци и јадела слатки и грицки, со што дневно внесувала околу 2.500 калории, а понекогаш толку само пред спиење.
Откако се исплашила дека луѓето кои чудно ја гледале во авионот ја фотографирале решила да преземе нешто во врска со својата тежина и здравје. Исто така многу ја погодило кога нејзините синови, 10-годишниот Ландон и 8-годишниот Брејден ја прашале зошто никогаш не отишле во забавен парк.
Меган не можела да им каже дека не одат затоа што таа нема да може да се вози поради нејзината голема тежина. Освен што била тешка, таа е и висока 180 сантиметри и секогаш се чувствувала како да е во центарот на вниманието каде и да влезе, но не на позитивен начин.
Таа одлучила да направи операција на желудникот во октомври 2018 година и да се префрли на течна исхрана одреден период. Сега таа јаде здраво, оди во теретана и кога не е таму трча по неколку километри. Меган вели дека најсреќна ја направил фактот кога нејзиниот постар син се израдувал откако ја прегрнал и можел да си ги допре рацете.
Меган оваа година за прв пат ги однела децата и во аква парк без да се срами и неодамна повторно летала со авион без да ѝ биде потребно продолжување на појасот.