Жена која ја тужела сосетката затоа што ѝ го хранела мачорот доби отштета од 23.000 евра

Психотерапевтка и љубителка на мачки победи во судска битка и доби 23.000 евра, откако ја тужела сосетката затоа што ја хранела нивната семејна мачка со педигре, која слободно шетала низ соседството.

Еки Хол и нејзиниот сопруг Џон и двајцата 56-годишни ја обвинија Никола Лесбирел (57) дека го присвоила мачорот Ози како нејзин, па дури и му ставила јака на која бил прикажан нејзиниот телефонски број.

Тие ја тужеле, но Никола тврди дека не направила ништо лошо и само сакала да ја храни мачката која лутала во Хамерсмит, Западен Лондон. Таа тврди дека мачорот си има право да јаде каде што сака и таа не е виновна за тоа.

Откако сопствениците Еки и Џон забележале дека Ози се почесто не доаѓа дома, решиле да му стават GPS и така сфатиле дека постојано е во околина на куќата на Никола. Тие велат дека г-ѓа Лесбирел на тој начин го присвоила Ози и се однесувала како да е нејзин, а со тоа тој ретко си доаѓал дома што ги вознемирувало нив и нивните деца.

Семејството го купило мачорот Ози во 2014 година, а веќе во 2015 година според нив Никола почнала да го намамува во својата градина. Тие ја тужеле и по 4 години спорот е решен. Еки вели дека не им е јасно зошто Никола не си купи своја мачка, затоа што е богата жена, туку ја краде нивната.

Додека пак Никола изјавила дека тоа се само нивни фантазии и дека таа не краде ништо од никого, туку едноставно мачорот кој бил пуштен слободно да се шета си обележал своја територија. Сепак парите што ќе ги исплати Никола ќе бидат доволни за семејството Хол да си ги поврати парите дадени за судски трошоци во изминатите неколку години.