Жена која ги изгубила екстремитетите на 18 години пронајде ново хоби кое ѝ ја врати желбата за живот

За повеќето од нас, да станеме од креветот наутро, да се нашминкаме и да одиме на работа не е нешто невообичаено. Но, за Кејтлин Добров, ова е вистински предизвик.

25-годишната жена од Јужна Каролина води успешен канал на Youtube каде ги учи своите следбеници како да аплицираат шминка, од секојдневна шминка, па се до истересни маски за Денот на вештерките.

Сепак она што е уникатно во врска со таленот на Кејтлин е фактот дека таа го прави сето тоа без раце и нозе. Кејтлин добила бактериски менингитис, кога била здрава и витална 18-годишна девојка. Она што започнало само како замор довело до тоа да остане без својата кожа и да ѝ ги ампутираат сите 4 екстремитети.

„Мајка ми праша дали сакам да одам во болница, но не се чувствував доволно добро. Отидов во тоалетот и колената скоро се распаднаа под мене. Ова беше последен пат кога стоев на моите нозе. Во тие први 12 часа целото тело почна да станува виолетово. Менингитисот влезе во мојот крвоток и прилично ја прекина целата циркулација на мојата кожа и екстремитетите. Болеста ја јадеше мојата рака и тие ја кратеа се повеќе и повеќе. На крајот ми ги ампутираа сите екстремитети.“, објаснува Кејтлин.

Менингитисот исто така зеде 57% од кожата на Кајтлин, што значи дека мораше да помине неколку операции што вклучуваат земање закрпи од непогодените области и нивно ставање над оштетените области за да и помогне на кожата да се обнови.

Додека лежела во болница Кејтлин псотојано гледала туторијали за шминкање и решила и таа да почне да се занимава со тоа како хоби. Упорноста и талентот на Кејтлин ѝ овозможиле таа да биде добра во она што го работи и сега има над 132.000 следбеници на инстаграм и 235.000 претплатници на Јутуб.

Благодарение на шминкањето Кејтлин повторно си ја нашла својата цел во животот и вели дека ова хоби ѝ помогнало да се справи со депресијата по операциите.