Жена која има четворица „сопрузи“ останала бремена со еден од нив и сега сите заедно ќе го чуваат бебето

Една жена која е во полигамна врска со 4-ца мажи останала бремена и тие планираат да бидат „големо среќно семејство“. Прилично необично, но барем добро ќе ѝ дојде малко повеќе помош околу работата. Идната мајка, 20-годишната Тони Оједа од Џексонвил, Флорида, има четири партнери во животот: Тревис, 23, Итан, 22, Кристофер, 22 и Марк (18). Да, сите се прилично млади.

Полигамната група од 5 члена живее во иста куќа и признаваат дека понекогаш помеѓу нив може да се почувствува љубомора. Иако Кристофер е биолошкиот татко, откако Тори забременила додека биле на одмор заедно, секој од мажите ќе се постави како татко кон бебето, кога ќе се роди.

Крис призна дека неговото семејство првично не било сигурно за неговата ситуација: „Моето семејство полека се приближува до идејата. Бременоста помогна со тоа. Но, на самиот почеток, знам дека мајка ми и татко ми се двоумеа за тоа. Нејзината главна грижа беше дека не ми се допадна идејата да имам партнерка која не се чувствува исполнета само со мене.“

Четворицата мажи не се поврзани едни со други и се поврзани само преку Тори која во моментов е единствената личност во врската што има повеќе партнери. Според Тори, таа „би сакала“ ако една од нејзините четворица партнери пронајде втора партнерка.

„Поделбата на време и да се сфати распоредот меѓу сите пет луѓе и да се осигураме дека сите се чувствуваат вклучени, тоа е малку тешко. Би сакала да не бидам единствената жена во врската. Дефинитивно би било убаво. Можеби во нашата иднина, ќе можеме да видиме дека станува вообичаена работа каде што луѓето воопшто не обрнуваат внимание на тоа.“, вели Тори.

Таа вели дека би сакала да имаат повеќе деца во семејството. Тори носи девојче и се очекува да се породи во февруари 2020 година.