Жена која имала афери со над 100 женети мажи тврди дека постои „ген за изневерување“
Никој не сака да биде изневерен, но најчестиот разговор за изневерувањето е дека кој изневерил еднаш ќе изневери пак. Сепак една жена вели дека ова не се само „празни муабети“ туку дека е точно и од научна гледна точка. Според една студија на веб-страница фокусирана на неверство „Illicit Encounters“ поголеми се шансите да изневериме доколку тоа веќе го направиле нашите родители.
Резултатите покажуваат дека историјата се повторува кај две третини од жените чии мајки имале афери. Приближно една третина од учесниците (32%) сметаат дека однесувањето на нивната мајка им дало „дозвола“ да изневерат, бидејќи прељубата била претрпена во семејството и затоа не би било толку изненадувачки.
Исто така, се покажало дека е поголема веројатноста мажите да изневеруваат ако нивните татковци го направиле тоа, иако помалку. Така истражувачите од „Illicit Encounters“ сметаат дека постои „ген за изневерување“ а има и луѓе кои го препознаваат во себе.
47-годишната Гванет Ли, од Челси, Западен Лондон, во текот на последната деценија имала афери со над 100 женети мажи. И таа верува дека за тоа се виновни нејзините гени.
„Изневерувањето тече во семејството. Децата не се плашат дека нема да бидат одобрени од нивните родители доколку и тие самите изневериле. Еден од мажите со кои се гледав е богат банкар, неговата мајка била во брак 3 пати и излегувала со многу момчиња и тоа влијаело на него. Таа знае дека ја изневерува својата сопруга и ја чува неговата тајна.“, раскажува Гвинет.
Таа започнала да спие со женети мажи по смртта на нејзиниот сопруг. Таа додава: „Друг од моите љубовници е човек во неговите 30-ти години, чии родители биле неверни во текот на неговите тинејџерски години и додека тој бил на универзитет. Им одговарало да останат заедно додека се гледале со други луѓе. Тој е оженет и не може да остане верен. И неговата сопруга го изневерувала, а и нејзините родители биле прељубници.“