Жена која не ја крати косата од 5-годишна возраст вели дека мажите ја молат за да ѝ ја помирисаат

На Алјона потребен ѝ е еден час за да ја измие својата коса од 1,8 метри и ја чешла 2 пати на ден. Сепак таа ја мие еднаш неделно.

34-годишната жена од Украина вели дека добила десетици предлози за брак од мажи на Интернет, кои ѝ понудиле да дојдат од странство за да ја видат, при што некои дури прашуваат дали можат да ѝ ја душкаат косата. Таа верува дека вистинската убавина на жената е „должината на нејзината коса“.

Алјона ја одржува својата коса здрава и уредна така што ги крати оштетените краеви на секои 6 месеци. Таа одлучила да ја пушта косата откако нејзината мајка ѝ кажала како дете дека долгата плетенка ја краси жената.

Жената е популарна и на социјалните мрежи, но вели дека не им одговара на пораките на непознатите мажи и не им дава лажна надеж иако имала прилично необични предлози.

Таа вели дека е навикната на нејзината екстремно долга коса и дека на телото не ѝ пречи, но понекогаш може да се случи да си стапне на косата и тоа може да биде прилично болен момент.