Жена која нема заден дел од черепот патува низ светот за да ја врати контролата врз својот живот

Инспиративна жена патува низ светот со медицинска кацига во обид да ја преземе контролата над својот живот, откако го изгубила задниот дел од черепот на операција на мозок.

26-годишната Кашмир Нојман од Висконсин дознала дека ќе мора да биде извршена операција откако започнала да има силна мигрена и забележала нарушувања во нејзиниот вид.

Во тоа време, Кашмир предавала англиски јазик во Виетнам и ги оправдала своите симптоми на загадувањето и бучавата. Таа се вратила дома дома со своето момче Бредли во јуни 2018 година и била подложено на МНР скенирање кога нејзините главоболки продолжиле.

На Кашмир ѝ била дијагностицирана животно загрозувачка артериовенска малформација (АВМ), ретка состојба која влијае на крвните садови во мозокот. Состојбата веќе ѝ го оштетила видот, а доколку не би ѝ направиле операција постоел понатамошен ризик од аневризма и мозочен удар.

26-годишната девојка поминала низ 3 операции бидејќи поради инфекција нејзиниот череп се отворил. Лекарите отстраниле парче од задниот дел на черепот и Кашмир морала да носи медицинска кацига се додека не ѝ биде пронајде соодветен дел за замена.

Таа била решена да не дозволи кацигата да ѝ го промени животот и тргнала на пат низ светот. Кашмир била на посета на Велика Британија. Таа исто така ги истражувала Лас Вегас, Вашингтон и езерото Хавасу во Аризона, како и локациите во Флорида и Мексико.

Кашмир мислела дека ќе ја носи кацигата само 3-6 месеци, но всушност поминале година дена додека да успеат да ѝ најдат замена. Сега се опоравува од посдната операција и ги советува луѓето дека не треба да дозволат медицинската состојба да ги ограничува во остварувањето на желбите.