Жена која јадела огромна количина на кинеска храна, изгуби скоро 60 килограми

Омиленото хоби на Саманта Сото порано било да јаде колку што може кинеска храна. Минатата година, таа сфати дека нема „за што да живее“ и оттогаш изгуби неверојатни 57 килограми.

23-годишната девојка на која ѝ било сеедно што ќе јаде, ја имала пицата, пилешките крилца и слична брза храна на мени секој ден.

Саманта, од Филаделфија, Пенсилванија, некогаш најмногу тежела 123 килограми. Таа мислела дека до крајот на животот ќе се бори со тежината се додека минатата година не решила да преземе нешто во врска со тоа. Саманта сфатила дека нејзиното „емоционално јадење“ е претерано откако почнала да јаде огромна количина на храна во кинески ресторани каде што за одредена цена може да се јаде колку што можете да изедете.

Саманта направила гастректомија во ноември минатата година, велејќи дека имала потешкотии да ги контролира своите порции со храна. По нејзината операција, таа практикувала кетогена диета, отстранувајќи ги јаглехидратите додека го зголемила внесот на маснотии, како и вежбање во теретана.