Жена која го напуштила училиштето на 14 години затоа што станала мајка, дипломираше држејќи ја својата ќерка за рака

Ќерката на Рејчел Кемпли, Лили Роуз беше горда на својата мајка откако заедно отидоа да ја земат дипломата советодавна психологија на универзитетот Лидс.

Сега 21-годишната девојка, која студирала и работела во исто време за да се грижи за своето дете, вели дека нејзината ќерка вреди за сите непроспиени ноќи и часови поминати во учење.

„Кога ја пишував дисертацијата, таа пишуваше домашна задача покрај мене, така што знае колку долго трае тој процес. Тие случајно го изговорија моето презиме погрешно кога отидов на сцената да си ја земам дипломата и ја слушнав како ги исправи и велеше ‘тоа е мојата мама’“, вели Рејчел.

Рејчел изјави дека била приморана да го напушти училиштето кога останала бремена на само 14 години, бидејчи училиштето не можело да ја подржи на било каков начин. Но, откако успеала да стигне до колеџот Јорк, а потоа и на универзитетот, Рејчел го поминала целиот пат за да ѝ обезбеди подобра иднина на својата ќерка.

„Ако не ја имав Лили Роуз, затоа што се борев со моето ментално здравје, не мислам дека ќе бев тука сега. Таа ја смени целата моја перцепција. Бев на многу темен пат пред да ја добијам, а сега таа осветлува сѐ.“, овјаснува мајката на едно дете.