Жена која платила 216.000 евра за да прави бизнис со маски против коронавирус е погодена од кармата

Една жена која потрошила околу 216.000 евра за купување маски за лице за време на појава на коронавирус, добила празна кутија испратена од осомничени измамници преку Интернет.

27-годишната жителка на Кина, позната по презимето Гао, се надевала дека ќе ја купи бараната стока и потоа ќе ја продаде за да профитира за време на здравствената криза.

Г-ѓа Гао, жител на градот Ксими, води околу 5 години онлајн продавница и главно продава производи за убавина. Откако избувна коронавирусот таа решила да заработи брзи пари и да набави маски за препродажба. Таа објави порака на WeChat во потрага по добавувачи и една компанија ја контактирала нудејќи и повеќе маски по ниска цена.

Според полициското соопштение, полицајците откриле дека таканаречениот снабдувач на маски за лице го воделе пет лица кои живеат во провинциите Ксинџијанг и Фуџијан. Полицајците патувале повеќе од 1.800 километри од Ксинми до округот Јунџао во Фуџијан за да ги фатат виновниците и успеале во тоа.

Полицијата уапсила пет лица во врска со случајот и ѝ ги повратила парите на г-ѓа Гао.