Жена креираше „Остани внатре“ паб за да им помогне на пријателите да бидат заедно за време на социјалното дистанцирање

Мислам дека сите сме на истата страница со оглед дека социјалното растојание е неопходно зло, со кое светот се соочува во моментот.

Но, додека поминувањето време во самоизолација може да биде многу мачно за некои едната жена е во мисија да се погрижи секој да има безбедно место за забава, без да мора да го напушти домот.

Д-р Ејми Каванаг има формирано свој виртуелен паб, The Staying Inn, каде што секој е добредојден да наврати и да се напие по нешто или да игра игри, само треба да се почитуваат одредени правила. Правилата на Staying Inn велат дека не смее да има разговор за COVID-19, мора да ги миете рацете, не треба да има скролање низ социјалните медиуми, клиентите мора да бидат поканети преку Скајп, гостите мора да ги покријат устата и носот при кивање или кашлање и што е најважно , не смее да има мамење во друштвените игри.

Додека д-р Каванаг ја започна идејата како нешто за нејзиното семејство и пријатели, таа сега ја отвора кон пошироката заедница на Твитер и го планира својот прв паб-квиз во сабота, 21 март. „Инвалидните лица и ветерани да останат и да пронајдат иновативни начини за поврзување со надворешниот свет. Затоа, сакав да споделам малку од тоа знаење и исто така да создадам врски за луѓе кои можеби се чувствуваат осамени или малку исплашени.“, вели Ејми.

Во меѓувреме, д-р Каванаг, која е регистрирана како слепа личност започна тренд, каде луѓето можат да донираат на други инвалидни лица, кои се борат на финансиски план, како резултат на пандемијата на коронавирус.