Жена купила столче за бебе, но откако го отворија подарокот сфатија дека се работи за нешто многу поопасно

Кога одите на забава по повод на новородено бебе сакате да однесете соодветен подарок кој ќе им послужи на родителите и никако нема да биде штетен за бебето. Еден пар од Флорида го мислел истото, но откако сопругата го купила подарокот и нивните пријатели го отвориле ситуацијата станала прилично чудна.

Вероника Алварез тргнала во потрага по подарок за бебето на нивните пријатели. Таа влегла во Goodwill продавница и сфатила дека има зделка која не смее да ја пропушти. Таа пронашла неотворен Baby Einstein стол за само 9,99 долари и решила да го купи.

Среќна што поминала евтино, го спакувала подарокот и наредниот ден го однеле. Но, откако таткото на бебето ги отварал подароците одеднаш извикал: „Дечки вие мене ми подаривте пушка?“

Наместо столче за бебе таткото пронашол полу-автоматска пушка „Мосберг 715Т“ заедно со муниција. Кога гостите на забавата сфатиле што се случило, тие го повикале полицискиот оддел „Крествич“, по што еден полицаец дошол на забавата за да го провери смртоносното оружје.

Од полицијата го провериле серискиот број и им кажале дека оружјето е „чисто“ и бидејќи нивниот пројател имал дозвола за оружје им кажале дека можат да ја задржат пушката иако ќе биде спроведена истрага.