Жена не јаде цврста храна повеќе од две години поради необична и ретка болест

Една жена вели дека била обвинета од лекарите за нарушување во исхраната, пред да откријат дека таа всушност има сосема друг проблем.

Ејми Бартон за прв пат почнала да има проблеми со исхраната пред повеќе од 2 години, но ситуацијата станала сериозна кога била хоспитализирана во август 2018 затоа што не можела повеќе да јаде ништо. Таа оттогаш нема изедено цврт оброк.

Но, наместо решение за нејзиниот проблем лекарите ја испратиле кај психијатар затоа што биле убедени дека сега 29-годишната Ејми намерно гладувала. Во јануари 2019 година, мајката на две деца конечно била дијагностицирана со гастропареза, за која се верува дека ги парализирала нејзините стомачни мускули. Сепак, нејзината состојба наскоро се влошила и од 82 килограми тежината ѝ паднала на само 44 килограми.

Не можејќи да задржи ништо на Ејми ѝ поставиле цевка за хранење. За тоа време, Ејми тврди дека ја советувале дека не треба да јаде, но медицинска сестра постојано ѝ носела храна и ја обвинувала дека одбива да јаде.

„Реков дека не можам и почнав да плачам, бидејќи штом јадам можам да почувствувам дека оди сè долу, се врти и одеднаш се враќа. Се обидов да објаснам затоа што тие навистина не знаеја што беше гастропарезата на почетокот. Тие дури и го гуглаа пред мене па се чувствував како да зборувам со ѕид.“, вели Ејми.

Во отсуство на храна, Ејми мора да консумира шест медицински пијалоци на ден, како и вода со глукоза и чај – ако може да го свари. За жал, таа веќе не е „нормална, среќна и здрава“ жена што некогаш била.

Таа вели дека ниту нејзиното семејство ниту нејзините два сина не се среќни. Таа повеќе не може да ги прави секојдневните работи и нема сила за ништо. Семејството сега собира пари за операција во приватна болница која можеби ќе ѝ помогне.