Жена од Јапонија доби утешна порака од своето неродено бебе преку ултразвукот

Оваа мајка била обожавателка на Кен Шимура, славниот јапонски комичар кој неодамна починал од КОВИД-19 на 70-годишна возраст.

Откако слушнала за неговата смрт мајката се заггижила за здравјето на своето неродено дете и отишла на преглед кај гинеколог.

Сепак на ултразвукот нејзиното бебе ја утешило дека сѐ ќе биде добро. На сликата може да се види како бебето со своите мали прстиња го прави знакот за мир. „Во моментов сум бремена седум месеци. Сè уште се чувствувам тажно за смртта на Кен Шимура. Но, сепак, морав да одам на лекар за преглед на бременоста. Кога го сторив тоа, моето бебе ми го покажа знакот за мир и сега сум порасположена.“, вели мајката.

Нејзината објава на Твитер станала вирална и многу идни мајки коментирале дека и тие почувствувале радост кога ја виделе симпатичната снимка од ултразвук. Во вакви тешки моменти на луѓето им се потребни било какви мали моменти на среќа и позитивна енергија.