Жена од Масачусетс не очекувала дека првиот состанок со маж наместо романтично ќе заврши во затвор

Ако мислите дека сте го имале најлошиот прв состанок на светот, ставете се на местото на Шелби Сампсон, од Атлборо Фолс.

Таа се запознала со Кристофер Кастило на апликација за запознавање и се договориле тој ден да се сретнат во живо. Сепак Шелби не се надевала дека Кристофер има такви „задни намери“ со неа.

Тие се возеле во автомобил и пиеле вино, кога во еден момент Кристофер ѝ кажал на Шелби да застане во близина на банка во округот Бристол, Масачусетс. Таа не знаела која е причината, но го почекала во автомобилот. Набргу Кристофер се вратил целиот презноен, со капа, пиштол и пари.

Тој тогаш ѝ кажал веднаш да тргне и жената од страв го послушала. Наскоро зад нив се појавила полицијата, а Шелби веднаш застанала и излегла од автомобилот. Кристофер се бунел при апсењето така што полицајците морале да го извадат од возилото, тој плукал кон нив и им велел дека има пиштол. Подоцна сфатиле дека пиштолот не бил наполнет.

Кристофер од вработениот во банката барал 1000 долари, а на Шелби ѝ кажал дека го направил тоа затоа што му било „многу тешко“. Иако полицијата првин ја уапсила и Шелби откако ја сфатиле приказната таа била пуштена. Додека Кристофер добил 3 години затворска казна.