Жена потроши 17.500 евра за да покрие 90% од нејзиното тело со тетоважи

Надин Андерсон му оддаде почит на нејзиниот покоен татко на свој начин. Таа покри 90% од своето тело во тетоважи, за износ од 17.500 евра. 23-годишната девојка уште од детството била фасцинирана од модификации на телото и тетоважи.

Таа себе се смета за просечно „татино девојче“ и сакала да биде како нејзиниот татко кој имал два целосни ракави со тетоважи.

„Отсекогаш знаев дека сакам да бидам како него и да имам такви работи“, рече таа. Веднаш штом ѝ било законски дозволено да го направи тоа, односно наполнила 18 години Надин – здравствен асистент од Данди, Шкотска почнала да се опседнува со тетовирањето. Пет години подоцна нејзиното тело е целосно истетовирано.

Повеќето од тетоважите на Надин се веќе скицирани бидејќи ги барала на познати платформи како Пинтерес, но таа вели дека нема сѐ уште да престане и дека треба да си ги истетовира стапалата. Првата тетоважа ја закажала заедно со нејзиниот татко.

Освен многуте тетоважи таа исто така има најразлични пирсинзи, лузна на главата и разделен јазик, за кој морала да оди во Германија за да ја реализира процедурата затоа што во Велика Британија ваквата постапка е забранета.

Надин вели дека некои пријатели и членови од семејството ѝ велеле дека е луда и дека си го уништува животот, дека нема да може да најде работа и дека ќе се као, но таа им докажала дека грешат.

„На крајот на денот сум вработена платив за секоја тетоважа од мојата плата,имам свој стан и искрено, живеам многу нормален живот.“, вели таа.