Жена прашува за проценка на „винтиџ затката за шишиња“, но дозна дека „антиквитетот“ затнува нешто друго

61-годишната Џејн од Индијана е побожна жена која секоја недела оди во црква и не сака „валкани работи“. Сепак таа е љубител на историјата и антиквитетите и секогаш се интеренсира за нивното потекло. Така еден ден нејзината сестра ѝ се обратила за помош.

Таа ѝ кажала дека по тешка бура нејзината пријателка пронашла „винтиџ затката за шишиња“ со „златна обвивка“ во својата градина. Џејн сакала луѓето да ѝ помогнат да добие повеќе информации за затката и која е нејзината вредност, бидејќи нели поради бојата изгледа старо.

Замислете ја нејзината рекација откако луѓето ѝ кажале дека тоа всушност воопшто не е затка за шишиња и дека е далеку од антиквитет, а „златната боја“ е добиена од нешто… што не би сакале да го замислите во главата.

Всушност станува збор за затка, но затка за задникот. Да, тоа е стаклена се*с играчка која се вметнува во анусот. Бидејќи Џејн ја интеренсирала вредноста луѓето ѝ пратиле фотографии дека чини околу 20 фунти, а на „старо“ не би знаеле колку ќе чини, затоа што според бојата очигледно е користена.

Џејн, нејзината сестра и пријателката на сестрата првин биле шокирани и посрамени, но потоа ја сфатиле шегата и сите добро се насмејале за нивниот „откриен антиквитет“. Секако пријателката не знае како оваа играчка стигнала до нејзината градина, но сега не е ни важно.