Жена само сакала нови и убави веѓи, но се расплакала кога сфатила за што дала 350 долари

На секој барем еднаш во животот му се има случено некоја грешка поврзана со убавината, дали тоа ќе е лоша шминка, фризура или пак нешто сосема различно.

На пример кошмарот за оваа жена започнал кога одлучила да си исцрта веѓи со помош на микроигли кај козметичарка.

Шенон Бозел, од Каламазу, Мичиген, потрошила 350 долари за да добие веѓи со кои ќе изгледа како да има гасеница на лицето или како оние „Лути птици“, зависи како ја замислувате. Таа имала тенки веѓи и сакала да ги истакне и очигледно премногу буквално го сфатиле тоа во салонот.

Иако Шенон е плавуша нејзините веѓи се прилично темни и дебели. Во обид да ги маскира веѓите, Бозел ја бојаисала косата и си направила шишки бидејќи ѝ било срам да излезе надвор, а и членовите на нејзиното семејство постојано ја прашувале, што направила.

Жената го изразила своето незадовоство со салонот на г-ѓа Ен Хикс каде што првично ги направила веѓите и таа се понудила бесплатно да ѝ ги корегира за да им даде малку поразлична форма. Шенон вели дека на почетокот имало подобрување, но потоа работите тргнале на полошо.

„Се чувствував подобро кога заминав. Направив некоку фотографии и тие беа посветли. Не бев свесна дека за 24 часа ќе имам два големи плускавци.“, вели Шенон. Таа иако си ги барала парите назад Хикс ѝ велела дека не може да ѝ ги врати туку може само да оди на корекции додека таа не ја „поправи“ работата. Секако Шенон одбила.