Жена се откажала од корпоративна работа, за да стане „живо уметничко дело“

Лина Л која се претставува под името Цигно решила да ја напушти добро платената корпоративна работа во Германија и да замине за Калифорнија за да стане „живот уметничко дело“.

Лина се заинтеренсирала за тетоважите во 2010 година и сега една деценија подоцна таа е покриена со глава до пети во тетоважи и работи на тоа да ги намали стигмите „против модификацијата на телото и сцената на уметноста“.

Германката вели дека додека живеела во Германија на работното место ја гледале намуртено поради видливите тетоважи. Сега таа работи во Сан Франциско, со скратено работно време во корпоративна технолошка компанија каде што може да биде повеќе своја. Сепак сѐ уште луѓето се зачудуваат кога ќе го забележат нејзиниот изглед, а потоа ќе го сподерат со нејзиното ниво на образование и кариера.

„Во областа на технологијата, особено во Заливот, не можам да кажам дека почувствував голема дискриминација. Сепак, изгледа дека луѓето делуваат изненадени од мојата кариера и моето ниво на образование. Се чувствувам како да морам да се докажувам. Дури и во 2020 година, луѓето со телесна уметност се стигматизирани. И покрај фактот дека тетоважите стануваат се почести, некои луѓе сè уште имаат негативни погледи кон луѓето со тетоважи.“, вели таа.

За да го создаде нејзиниот жесток изглед, таа потрошила над 50.000 американски долари на тетоважи, пирсинг, импланти на градите, па дури и операција на ушите. Таа вели дека себе се гледа како личност која може да им докаже на луѓето дека грешат со своите стереотипи. Лина работи и како модел и има прилично голем број на следбеници на социјалните мрежи.

Додека семејството и пријателите на Лина на почетокот не го поддржувале нејзиниот изглед, затоа што како што вели таа „родителите сакаат нивното мало девојче да остане совршено“, но сега ја сфатиле нејзината потреба и желба и целосно ја поддршуваат и се согласуваат со нејзините одлуки.