Жена се шокирала откако нејзиниот сопруг ја направил најгрдата тетоважа со нејзиниот лик

Луѓето често ги тетовираат ликовите на своите сакани, или пак одреден симбол кој ќе ги потсетува на нивната љубов. Сепак оваа кутра жена од Портсмут го добила најчудниот „романтичен гест“ на сите времиња.

37-годишната Кели се шокирала откако видела дека нејзиниот 40-годишен сопруг Џејмс Мекграв на својот бут истетовирал нејзин и негов лик од една заедничка фотографија.

Иако за некој и тоа е премногу, фотографијата од која добил „инспирација“ за тетоважата е онаа на која што Кели спие и притоа хрчи со отворена уста. Таткото на 5 деца објавил фотографија од тетоважата и напишал: „Не знам во што е проблемот, на сите други им се допаѓа.“

Кели вели дека таа и нејзиниот сопруг веќе 20 години си прават шеги еден на друг и овој негов потег бил за да ѝ врати за лошата фризура која му ја направила. Иако очекувала дека ќе и врати не ни можела да замисли до каде е подготвен да оди.