Жена си го оставила сопругот за да се омажи за маж со кој била во брак на видеоигра

Мајка на 4 деца го оставила сопругот од реалниот живот за да се омажи со човек со кој стапила во брак на видеоигра. Кели Секстон од Ајлесхам, Кент, водела двоен живот додека ја играла компјутерска игра наречена Second Life.

Тука го запознала нејзиниот сега сопруг Ник Фон Астен, од Милвоки, САД. Кели „работела“ во ноќен клуб во играта, кога една вечер во 2016 година влегол виртуелниот Ник и почнале да комуницираат.

Виртуелниот Ник уште првата вечер ѝ извел стриптиз танц на Кели и тие станале „момче и девојка“ во виртуелната игра, иако Кели се плашела тоа да не ѝ влијае на бракот. Наскоро Ник и Кели разговарале по 20 часа на ден во играта и велат дека се вљубиле еден во друг уште пред да видат како изгледаат во реалниот живот.

Парот потоа го врзал јазолот на Second Life, а тогаш Кели сфатила дека нејзиниот 9-годишен брак со сопругот е готов. Тие дури имале и витруелно бебе на играта. Кели заштедила пари за да го посети Ник и тој дошол во Велика Британија во неколку наврати.

Во април 2019 Ник ја запросил Кели со прстен сличен на оној со кој ја запросил во играта. Во декември се венчале и Ник останал да живее во Велика Британија.