Жена случајно дознала дека човекот со кој треба да оди на состанок има свршеница и реши да му се одмазди

Кимберли Ен, од округот Палм Бич, Флорида, се допишувала со маж на Тиндер. Тие веќе пишувале некој период и се одговарале да се сретнат и двајцата стоејќи на ставот дека „бараат нешто посебно“.

Сепак 31-годишната правничка останала во шок кога на Фејсбук случајно ѝ се појавил предлог за пријателство. Кога го отворила профилот сфатила дека станува збор за човекот кој се допишува. Но, тогаш таа дознала дека тој пред еден месец ја запросил својата девојка.

Откако се соочила со „фраерот“ тој негирал се и ѝ велел дека тоа не е тој. Сепак Кимберли била сигурна дека станува збор за истиот човек не само по ликот туку и според тетоважата. Тогаш таа вели дека почувствувала потреба да ѝ каже на неговата свршеница бидејќи како што вели таа „и јас би сакала некој да ми каже мене доколку се најде во слична ситуација“.

„Целото тело ми се тресеше кога ги испраќав овие пораки затоа што не знаев како таа ќе реагира. Се чувствував толку страшно и делумно одговорно што потенцијално би можела да го скршам срцето на оваа жена. Таа само рече: „Во ред е, не е ваша вина, благодарам“.“, вели Кимберли.

Таа првин се плашела дека ќе има некоја реакција, особено од мажот, но вели дека такво нешто не се случило. Таа не е сигурна дали жената изреагирала толку смирено затоа што е разочарана, или пак вакво нешто ѝ се има случено и порано па не обрнува внимание.