Жена спасила бебе слон и сега тој ја сака толку многу што ја прати насекаде
Луѓето обично имаат домашни миленици како мачки, кучиња, папагали, желки или риба, но колку често гледате некој со слон за домашно милениче? Овие величествени суштества припаѓаат на дивината, но едно „малечко“ го најде својот пат во домот на љубезната жена и тие станаа најдобри пријатели.
Рокси Данквертс е основач на Wild Is Life, засолниште за диви животни во Зимбабве. Еден ден таа се запознала со мало слонче кое се изгубило или пак било напуштено од неговото стадо. Малото бебе слонче скоро се удавило во една река додека стадото се обидувало да ја премине, а здравјето му било во критична состојба.
Бебето слон било пронајдено на бреговите на езерото Кариба, а напорите да се пронајде неговото стадо биле залудни бидејќи немало слонови во околината. Во тоа време, слонот бил стар само неколку дена, кревок, исплашен и одвоен од семејството. Рокси решила да се грижи за него, но не очекувала дека ќе станат најдобри пријатели.
Кога го пронашле слончето тежело само 56 килограми, а треба да тежи во просек 90-100 килограми. Рокси поминала многу време со бебето слон, давајќи му 18 литри специјализирана формула секој ден. Тие поминувале многу време заедно и Рокси дури спиела со него, па не изненадува што толку многу ја сака Рокси и ја следи каде и да оди.
Слончето сега има 5 години и расте брзо. Името му е Мојо што на африкански значи „Од срце“. Мојо стана толку приврзан кон својот спасител Рокси, што ја гледа како втора мајка.