Жена спасила животно со „скапоцено крзно“ за да не стане бунда и сега се најдобри пријатели
Кога Женја пронашла фотографии од див самур на интернет решила да истражи малку повеќе за животните бидејќи многу ѝ се допаднале.
Дознала дека животото го има едно од најскапоцените крзна во светот. Крвавата индустрија со крзно смета дека е супериорно во однос на другите животни поради неговата свиленкаста текстура и опсегот на бои од беж до црна.
Во Русија, побарувачката за крзно од самур расте, бидејќи се користи за производство на предмети, како што се чаршави, па дури и долна облека. Според извештаите, во земјата има околу 70 фарми кои одгледуваат и убиваат диви самури и други животни за нивното крзно. Судбината на животното на фотографијата што ја видела Женја била иста таква, затоа таа решила да преземе нешто и да му го спаси животот.
Девојката ја контактирала фармата за крзно и се договорила со нив да им го откупи животното. Животното го добило името Уморна и Женја вели дека иако претрпела големи трауми на фармата и понекогаш знае да биде хистерична, исто така сака да се дружи и ужива во друштвото на Женја.