Жена сподели како Коби Брајант тајно направил хуман гест за 5-годишно детенце на смртна постела

Откако излезе веста за трагичната хелокоптерска несреќа во која згаснаа неколку животи, воедно и животот на легендата, Коби Брајант, многу приказни кружат низ интернетот, во кои се зборува за неговиот живот, за тоа што правел, како постапувал и што оставил зад себе.

Сепак додека некои работи беа очигледни и целиот свет беше свесен за нив и сега само се потсетија на „големината“ на Коби, има една приказна која не била позната за медиумите, а во суштина покажува каква личност бил Коби.

Кристен О’Конор Хехт сподели приказна за Коби што е подеднакво срцезатоплувачка и трогателна во исто време. Таа била сопруга на поранешниот директор на корпоративни партнерства Феникс Санс Том Хехт. Кога таа работела како лекар во болница во Феникс, колега кардиолог ја замолил дали нејзиниот сопруг ќе може да обезбеди автограм од некој од Лејкерс, за детенце на смртна постела, бидејќи наредната недела тие играле во градот.

Тој ѝ раскажал дека станува збор за 5-годишно детенце чие срце откажува и кое е премногу слабо за да му се направи операција. На детето деновите му се одбројани, но тој е страствен обожавател на кошарката и кога бил здрав уживал да игра со пријателите. Исто така името на момчето било Коби.

Кристен му ја објаснила ситуацијата на сопругот и тој ѝ рекол дека ќе се потруди. Додека таа очекувала потпишан дрес или топка, во болницата дошол лично Коби Брајант. Тој со него немал ниту обезбедување, ниту пак ПР. Тој ѝ кажал дека не сака да се знае за ова и зедно отишле кај момчето преку задните скалила.  Коби ја прашал Кристен дали може да помогне и на друг начин, доколку се работи за финансиски проблем, но за жал парите не можеле да го решат проблемот.

Детето било пресреќно, Брајант разговарал со него, се играле со топката. Мајката на детето ѝ кажала дека никогаш не го видела синот посреќен. За жал по една недела детето починало. Според ПР службата на Брајант тој често го правел ова, но имал едно правило… без медиуми. Кристен вели дека од тој ден Брајант е нејзин херој и таа секогаш ќе го памети како таков.