Жена троши 15.000 евра годишно за скапа облека само за нејзините кучиња

Мислам дека сите сопственици на кучиња би се согласиле дека нивните миленици ги сметаат за дел од семејството. Но, колку сте спремни да потрошите за нив?

Очигледно на Клер Кели не ѝ е важно колку пари ќе потроши на своите миленици сѐ додека тие се облечени во модерна и дизајнирана облека за миленици.

33-годишната менаџерка на банка троши неверојатни 15.000 евра годишно на нејизните три кучиња Капкејк, Тедибер и Попкорн (Колаче, Мече и Пуканки). Да бидеме „фер“ таа вели дека во тие пари вклучува и шетање на милениците, фризер, роденденски забави и играчки.

Таа вели дека нејзините пријатели ѝ велат дека е „луда“ затоа што троши толку голема сума на пари на нејзините кучиња, но сепак Клер смета дека тие го заслужуваат сето внимание и нега. На пример за Божиќ потрошила над 100 евра за да им купи костимчиња на кучињата.