Жена тврди дека го гледа нејзиниот неодамна починат татко на ултразвукот на нероденото бебе
Една жена се шокирала кога на сликата од нејзиниот ултразвук го забележала нејзиниот неодамна починат татко. Зачудената мајка, Шантел решила да ја сподели приказната со светот и покажала и фотографии од нејзиниот татко додека бил жив за да ја прикаже сличноста. Нејзиниот сакан татко имал можност да помине неколку години со нејзиното прво дете, но за жал не го дочекал пристигнувањето на второто внуче.
Шантел е бремена со своето второ дете по раѓањето на нејзината најстара ќерка во 2009 година. Таа ннеодамна отишла да си направи ултразвук, но останала без зборови кога забележала нешто што изгледа како лицето на нејзиниот татко. Зачудената мајка ја спореди сликата на ултразвукот со фотографија од нејзиниот татко направена во 2009 година, по раѓањето на првото дете на Шантел.
Фотографијата, од десната страна го покажува дедото како гледа надолу кон новороденчето со насмевка на лицето. Неверојатно, се чини дека сликата од страничен профил е преработена во неодамнешниот ултразвук на Шантел.
Иако можеби е само трик на светлината, црно-белите линии на ултразвукот изгледаа како да го формираат носот, усните, брадата и вратот на дедото.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.