Жена во брак со човек кој „може да ѝ биде татко“ вели дека непознати ја прашуваат „да не е киднапирана“
Агентот за недвижнини Сара (27) се запознала со Џоел Серифеп (50) на апликацијата за запознавање минатата година, кога ја преземала апликацијата во обид да запознае некого откако се преселила во Денвер.
Сара немала среќа да го пронајде својот идеален партнер помеѓу нејзината генерација па ги проширила своите возрасни преференции на апликацијата и откако го видела Џоел вели дека почувствувала „непосредна врска“.
„Она што првично ме привлече кон него беше неговата зрелост, еластичност, жед за авантура и емпатија. Физички, се најдов крајно привлечена кон сите негови карактеристики и не можев да ги тргнам очите или рацете од него цела ноќ.“, вели Сара. Џоел пак најпрвин мислел дека ова е само една фаза на Сара во која ја привлекуваат „постари мажи“, но наскоро сфатил дека не е така и можат да функционираат на долг план.
По неколку месеци врска Џоел ја запросил Сара, а се венчале во Јамајка на 22 февруари 2020 година – 22/2, за што си направиле и исти тетоважи. Врската на Џоел и Сара е соочена со мешани реакции, од непознати, како и од нивните членови на семејството.
Сара вели дека луѓе го прашувале Џоел „од каде ја купил“ Сара затоа што мислеле дека плаќа за нејзиното друштво.
„Понекогаш кога излегуваме, луѓето прашуваат дали тој ме киднапирал. Исто така, еднаш ни дојде еден човек и ни кажа ‘ве молам кажете ми дека сте татко и ќерка, а не пар’. Еднаш кога бевме во аптека фармацевтот мислеше дека сум негово дете и ми даде упатства за лековите.“, вели Сара.
Џоел е само три години помлад од родителите на Сара и иако тие на почетокот не се согласувале со нивната врска сепак го прифатиле новиот зет.
За разлика од нив родителите на Џоел, за кои тој вели дека се прилично конзервативни сѐ уште ја немаат прифатено Сара.