Жената смислила креативен начин како сопругот да намали со грицките

Томас Џонсон во доцните вечерни часови сакал да грицка се од чипс до јајца и кобасици. Неговата 41-годишна сопруга Тами не можела повеќе да ја поднесе оваа навика на Томас па кога испила некоја чашка алкохол повеќе креативноста и проработела.

Жената ја залепила храната низ целата куќа спречувајќи го сопругот да ја отвори за да јаде. Кога истата вечер тој повторно се обидел да си грицка сфатил дека Тами му ги расипала плановите. Наредното утро сфатиле дека таа поставила и „стапици“ така што некои од чоколадите ги лепела за подот.

Изолир траката тој ден ја донел нејзиниот брат за да поправи некои жици, но на Тами ѝ дошла нејзината втора намена во глава. „Ако децата остават нешто на страна тој дури без да размисли ќе го изеде, потоа нема ниту да се сеќава дека изел нешто.“, вели Тами за нејзиниот сопруг.

За жал планот на Тами не бил толку функционален за да го спречи Томас, тој морал само малку повеќе да се помачи за да ја реализира својата цел. „Таа мисли дека сум премногу мрзелив за да ги одлепам, но не сум.“, вели тој. Мајката дури ставила и белешка на фрижидерот: „Не се доближувај ти дебело копиле.“ Сепак Томас вели дека не е до тежината, туку до фактот дека јаде сѐ што има по дома.