Жената со причина не го пуштила мажот на риба со другарите (виц)

Четворица пријтели секоја година си оделе на риболов на истото место. Оваа година едниот од нив жената не го пуштила да оди и тројцата решиле да отидат без него. Стануват сабајле рано, одат на старото добро место, а таму четвртиот веќе ја запалил скарата и пече ќебапчиња.
– Што правиш тука бе? Нели жена ти не те пушташе? Како се снајде?
– Вчера вечерта седам јас нервозен на компјутер и таа ми ги фаќа очите и ми вели „Погоди кој е!“ Мене не ми беше до игри, и ги тргнав рацете, се свртев, а таа во проѕирна ноќница, купила се*си долна облека и ме одведе во спалната. Таму зпалени свеќи, на наткасната стои таа книгата „50 нијанси сиво“. Жена ми легна на спалната и си ги врза двете раце со лисици за спалната. Потоа ми вели „А сега прави што сакаш!“ И ете ме мене тука.