Жените облечени како плишани играчки не сакаат да бидат сведоци на семејно насилство

Во Сан Хозе, Калифорнија секоја година се одржува конвенција „Further Confusion (FurCon)“ на која луѓето се облекуваат како плишани играчки. И кога ќе спомислите дека тоа изгледа смешно и слатко, не треба да се потценат овие луѓе, а особено жените. Неколку од жените забележале дека нешто чудно се случува во автомобилот паркиран пред салата каде што била одржана конвенцијата.

Тие се доближиле и сфатиле дека маж физички ја напаѓа својата девојка. Жените не размислиле два пати и решиле одма да реагираат. Насилникот го извлекле надвор од автомобилот и не го пуштиле додека не дошла полицијата. Според извештајот на полициската служба во Сан Хозе, осомничениот, 22-годишниот Демитри Харнет, ја нападнал својата девојка во нивниот заеднички автомобил.

Харнет е уапсен на местото на настанот пред да биде однесен во затворот во округот Санта Клара и обвинет за семејно насилство. За оние кои се прашуваат какви се овие луѓе тие се луѓе со интерес за антропоморфизирани животни – животни на кои им биле дадени човечки карактеристики – кои честопати создаваат животински карактер (фурсона) за себе, со кој се идентификуваат и можат да функционираат како аватар во рамките на заедницата.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.