„Жив сум!“: Пензионираниот заварувач вели дека никој не го барал со месеци затоа што поранешната жена му смислила морничава одмазда
Пензиониран заварувач, чиј телефон не заѕвонил со месеци затоа што пријателите мислеле дека е мртов, сфатил за што станува збор откако ја открил „својата надгробна плоча“ на гробиштата.
„Луѓето мислат дека сум мртов“, вели Ален Хател (75) од Тајсајд, Шкотска. „Мојот телефон не ѕвони веќе три или четири месеци. Ме збунуваше сето тоа, но сега знам зошто никој не се јавуваше. Не сакам да бидам погребан – планирам да бидам кремиран.“, објаснува тој.
Г-дин Хател вели дека сфатил дека нешто не е како што треба, затоа што неговиот социјален живот станал смртно тивок во последните три или четири месеци. 75-годишниот пензионер вели дека сега му е јасно зошто неговиот телефон не ѕвонел, затоа што луѓето мислеле дека е мртов.
Тој вели дека неговата поранешна сопруга без неговот знаење подигнала надгробна плоча со неговото име и сега тој сака да постави некаква покривка врз неа. 75-годишниот, кој поминал 37 години како заварувач пред да замине во пензија, тврди дека неговата поранешна сопруга ја купила парцелата и поставила надгробна плоча со нивните имиња со цел да бидат погребани заедно.
Тие веќе 26 години не се во брак. „Никогаш, никогаш не сум рекол дека сакав да бидам погребан заедно со мојата поранешна сопруга. Да откриете дека имате надгробна плоча на гробиштата додека сè уште сте живи, не е нешто што се случува секој ден.“, рече Хател, која има две возрасни деца со неговата поранешна сопруга.