Животот на 25 јазици: Ричард Симкот 7 години живеел во Македонија и течно зборува и Македонски

Хиперполиглот? Тоа е личност која има „дарба“ да научи голем број на јазици и истата ја искористува. Таков е случајот со 43- годишниот Ричард Симкот кој знае да зборува на 25 јазици и 7 години живеел во Скопје и секако течно го зборува и Македонскиот јазик.

Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Ричард по потекло е од Велс и неговиот мајчин јазик е англискиот, но тешко е да се примети од која држава доаѓа поради неговиот талент.

Ричард вели дека учењето нови јазици не овозможува само начин да се разбере со останатите луѓе, туку и да се зближи. Она што е интересно е дека Ричард и своето дете го учи да зборува на повеќе јазици и вели дека знае и македонски. Уште на рана возраст научил да зборува француски. Неговиот татко по втор пат се оженил со Тајланѓанка, а Ричард ова го искористил за да научи тајландски.

Подоцна научил да зборува и турски, полски, хебрејски, кинески, исландски, македонски и есперанто. Неговиот совет за оние кои сакаат да научат нов јазик е дека треба да го користат јазикот секојдневно и да прават нешто што сакаат и уживаат да го прават, танцување, играње карти, но тоа да го прават користејќи го јазикот кој сакаат да го научат.