Ѕирнете во новиот суперавтомобил Alpha5 кој надминува сѐ што до сега сте сметале за автомобил

Ова е новиот автомобил на DeLorean кој ќе биде на продажба од 2024 година. Неговата максимална брзина ќе биде 250 километри на час, а ќе оди од 0 до 160 за три секунди.

Скролајте надолу за видео

Една од најинтересните работи што никогаш досега не сте слушале за нив, е тоа што овој автомобил може да ве гушне и дури и бакне. Да добро слушнавте! Со него добивате нараквица, која според примерот во видеото, доколку да речеме сте ја оставиле ќерката во училиште вие ѝ ја давате нараквицата и на вашето возачко седиште го чувствувате нејзиното чукање на срцето и температурата на телото. Но тоа не е се! Доколку таа сака да ве гушне или бакне, може тоа да го направи виртуелно. Со тоа што страните на седиштето ќе ве гушнат или од позади ќе испуштат воздух кој што ќе го почувствувате како бакнеж на вратот.

 

И да биде уште подобро додека возите, ако некој од вашите контакти од телефонот е во близина, автомобилот ќе ве извести, па можеби ќе се видите со некој пријател кој одамна не сте го виделе и поинаку не би знаеле дека е во близина.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *