„Живеам во куќа без греење – имам пет начини да се загреам и носам чевли од овча кожа кои ме штитат од замзнување на прстите“

Мајка на две деца по име Меган откри дека живее во куќа без централно греење и има пет начини на кои се загрева во зима. Штедливата мајка објави видео во коe ги споделува своите совети, со натпис „секојдневен живот без централно греење“.

Скролајте надолу за видео

Таа рече: „Подгответе се со мене за еден ден на работа, почнувајќи во куќа без централно греење. Како што можете да видите, надвор е прилично студено а исто така и внатре, ако ништо друго, се чини дека внатре е постудено.

Потоа таа објаснува со колку и какви ќебиња се покрива.

„Значи, тоа се три слоја ќебиња и да бидам искрена, веројатно би можела да додадам уште едно. Значи, кога наутро пиете топол пијалок, го користите за да ги загреете рацете“.

 

Меган потоа се облекува за тој ден и за да се загрее носи три слоја облека. Таа исто така мора да ги облече и чизмите од овча кожа за низ дома, затоа што е премногу студено да оди со чорапи низ куќата.

„Она што го научив од ова искуство е дека всушност е навистина позитивна работа да се научите да не се чувствувате удобно цело време, да се научите како да се живеете во непријатна средина и има многу луѓе кои мораат да го прават тоа на дневно ниво и долгорочно. Дури и за моите деца се надевам дека ова ќе ги научи на вештини за да одат напред во животот, што ќе значи дека ќе научат како да се прилагодуваат и да се приспособат на различни ситуации. Реално, можеме да се снајдеме, да користиме шишиња со топла вода, да ставиме дополнителни ќебиња на нашите кревети и ќе преживееме“.

 

 

Корисниците на ТикТок беа сочувствителни кон Меган и нејзиното семејство и многумина сакаа да дознаат повеќе за нејзината ситуација.

Едно лице рече: „Моето семејство е исто. Имаме парно, но не можам да си дозволам да го вклучам“.

Друг додаде: „Твоите усни всушност изгледаат сини, се гледа дека ти е многу ладно. Не можам да верувам дека ова е вистински живот, толку е тажно“.

Третиот праша: „Зошто не го вклучивте парното?“ на што Меган одговори: „Нема централно греење во куќата“.

Додека некој друг праша: „Воопшто нема централно греење? Како го загревате домот?“ На што Меган одговори: „Имам 3 електрични грејачи во најмалите простории, кои можам да си дозволам да ги вклучам неколку часа на ден“.

  • Is напиша:

    Bravo za V. Putin..

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *