Живеат во Македонска Каменица, а со нивната уникатна улична изведба на прекрасната македонска музика шират радост низ цела Македонија
Молскавично расте интересот за етно бендот на нашите Влатко Ристовски – Штикла и Лемпи. Со изворниот македонски мелос и милозвучниот глас на Лемпи, која ни доаѓа од Финска, тие будат радост и љубопитност кај секој посетител и добронамерник на градските пазари во источниот дел на Македонија.
Со радост можеме да кажеме, дека на барањето за поддршка на нивниот музички проект, веќе одговорија неколку наши сограѓани. Влатко и Лемпи изразуваат огромна благодарност до сограѓаните и блиските кои великодушно им приоѓаат со поддршка.
Етно бендот на Влатко Ристовски сега располага со автомобил, обезбеден од нашиот сограѓанин Zoki Gign, кој живее и работи во САД. Исто така, во комуникација со Влатко и Лемпи дознаваме, дека тие наскоро ќе ги добијат средствата за нов музички инструмент од Dalibor Daz Stamenkovski, кој исто така живее и работи во странство.
Влатко и Лемпи, сега повторно можете да ги видите на градските пазари во Македонска Каменица, Кочани, Виница, Делчево… Свесни за фактот дека со нивната уникатна интерпретација на македонската етно музика бидат силен интерес кај публиката, тие веќе планираат улични музички настапи во Скопје и посети на други градови во Македонија.
Извор: Фејсбук – kamenica.mk
… Bravo…
Vakvite ulicni sviraci preku youtube zarabotuvaat poveke od pristoen zivot,no za zal iako se dobri samo pomos doaga od nasite gragani od stranstvo koi normalno poveke ja cenat etno mak.muzika nego nasite ”’kulturni ministri”’
Коментирај анонимно