„Живееме во кафез“: Мајмуни ги затворија жителите на овој град во нивните домови и никој не може да се справи со нивната „зависност“
За древниот град Лопбури, Тајланд се смета дека е дом на приближно 6.000 макаки мајмуни, а скоро сите станаа насилни и неконтролирани во последните неколку месеци, бидејќи тековната глобална здравствена криза значеше многу помалку туристи – кои обично би ги нахраниле животните со банани.
Исто така локалните жители велат дека мајмуните станале „зависни од с*кс“ и се размножуваат со досега невидена брзина.
Градот има население од околу 760.000 жители и луѓето сега се мачат да се справат со мајмуните бидејќи тие ги преземаат напуштените кина и создаваат зони во градот кои не им се достапни на луѓето. Ситуацијата станува толку лоша што жителите на Лопбури, наводно, мораат да се кријат зад нивните забарикадирани врати, додека противнички банди на мајмуни се борат на улиците.
За едно напуштено кино, се вели дека служи како база на мајмуните, со тоа што мајмуните телата ан своите починати ги стават во собата за проекција. Ако некое лице се обиде да влезе во киното, ќе биде веднаш нападнато. Во близина на киното, незадоволниот сопственик на продавница е принуден да прикаже играчки тигар и крокодил во обид да ги исплаши мајмуните, кои редовно крадат лименки со спреј од неговата продавница.
Локалното население првично се обидело да ги смири макаките со закуски и брза храна, но оваа шеќерна исхраа само го влошила проблемот, давајќи им поголема енергија и поголема желба да се размножуваат и да бидат насилни.
„Колку повеќе јадат, толку повеќе енергија имаат … па затоа се парат повеќе.“, изјавил Памот Кетампаи, кој управува со околните светилишта на храмот Пранг Сем Јод.
Посочувајќи на мрежата која ѝ ја обвиткува терасата, Куjира Таечаватанана изјавила: „Живееме во кафез, а мајмуните живеат надвор. Нивниот измет е насекаде, мирисот е неподнослив, особено кога врне дожд.“
Иако претходно однесувањето на мајмуните било толерирано затоа што се голема туристичка атракција, по кризата нивното однесување станало неподносливо. Властите овој месец ја започнаа програмата за стерилизација, со која животните ќе бидат ловени, ставани под анестезија, стерилизирани и повторно враќани.
Како и да е, програмата можеби нема да биде доволна за да се намали нивниот број до потребниот износ, така што одделот има долгорочен план за изградба на светилиште во друг дел од градот.