Живи машини: Биолошката иднина започнува со Ксеноботите, микс од жаба и робот
Научниците создадоа микроскопски живи роботи — наречени Ксеноботи — од клетки од жаба, кои можат да се движат, самостојно да се обновуваат и дури и да се размножуваат на сосема нов начин. Овие микроорганизми не се ниту класични роботи, ниту познати животински видови. Тие се програмирани живи форми, дизајнирани со помош на вештачка интелигенција и составени од живо ткиво.
Ксеноботите претставуваат нова граница меѓу технологијата и биологијата. Наместо метал и жици, иднината можеби ќе се гради со клетки и органска структура.
Зошто е ова важно?
Овие био-роботи еден ден би можеле да се користат за чистење микропластика од океаните, за испорака на лекови внатре во човечкото тело или дури за регенерација на оштетени органи.
Добредојдовте во светот на живите машини — каде што технологијата и природата се спојуваат на револуционерен начин.
Цитат од интернет: „Проценките покажуваат дека во последните децении, околу 500 до 1.000 документирани животински видови исчезнале – но овој број ги вклучува само оние што сме ги евидентирале.“ и сеа че правиме вештачки! Да не поверује чоек!
Коментирај анонимно