Живите статуи повторно ќе го оживеат градот: Седмото издание на „Статуафест“ под мотото „Голема брзина на стоење“ ќе се одржи 19 и 20 мај на улица Македонија

На 19 и 20 мај со почеток од 18:30 часот на ул.Македонија ќе можете да бидете сведоци на претпоувањето на уметноста со улицата. Уличниот уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест“ како и секоја година, така и оваа се води и инспирира од најразчични настани од секојдневнието. Оваа година темата е брзањето, затоа што живееме во време во кое безглавото брзање кон некаде/никаде ни стана рутина, односно стана наше секојдневие

Од тие причини и целта на овогодинешниот фестивал за улични живи статуи „Статуафест“ е да му каже СТОП на овој непотребен синдром на живеење кој, непокането се всели во нашите животи и стана „Добро утро/Добар ден/Добровечер“ за речиси секој еден од нас. Суштински сите да се замислиме и да си го поставиме прашањето: колку навистина многу кон некаде брзаме?

 

„Преку улични живи статуи поставени во најразлилни актови, долж улица Македонија во центарот на Скопје, ќе ги замрзнеме во едно место речиси сите карактери на едно обично секојдневие за истите да можат одблизу да се видат себеси како во огледало и да се прашаат, дали навистина толку многу важно е да брзаме, и, како безглавото брзање навистина влијае на нашиот живот и на нашето здравје?“ – изјави еден од организаторите.

Артистите кои ќе настапуваат на овогодинешниот фестивал се од продукцијата Театроск, која всушност и го организира фестивалот. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Винарска визба Тиквеш.

Повеќе за настанот можете да видите ТУКА.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *