Премини на МотикаX

Животна лекција од Петар Камиказа: „Се уништив поради кредит – но егејскиот инат ме спаси за само 15 месеци“

Сите ние имаме еден животен момент кога ќе се погледнеме во огледало и… нема да се препознаеме. Лицето, телото, погледот – ништо не е како порано. Кај познатиот македонски музичар, глумец и спортист Петар Георгиевски – Камиказа, тој момент дошол после години стрес, работа без пауза, и еден кредит кој за малку ќе го чинел здравје, иднина и себеси.

 

Животна лекција од македонскиот спортист Петар Камиказа: „Се уништив поради кредит – но егејскиот инат ме спаси за само 15 месеци“

„Земав кредит да бидам најдобар – и успеав. Ама цената беше премногу висока“

Кон крајот на 2004 година, Петар земал кредит со јасна цел – да купи најдобра спортска и wellness опрема на Балканот.
„Го купив најдоброто. И бев најдобар на Балканот. За тоа пишуваа и странски списанија.“

Но, како што пазарот растел, така и конкуренцијата станала посилна – Срби, Хрвати, Бугари набавиле слична опрема. Петар повеќе не бил единствениот.
„Останав одличен, ама веќе не бев најдобар. А кредитот… тој мораше да се враќа.“

Притисокот од долговите станал секојдневен. Без здив, без пауза – со години.
„Четири години бев под константен стрес. Секој ден мислев само како да го менаџирам кредитот. Се хранев по неколку пати на ден – појадок, ручек, вечера – па пак, пак, пак…“

На крај, стигнал до 110 килограми. Здравјето му се влошило. И тогаш дошол тој момент.

 

„Земав кредит да бидам најдобар – и успеав. Ама цената беше премногу висока“

„Човекот во огледалото не бев јас. Тогаш реков: доста е.“

Петар решил да побара стручна помош и отишол кај доктор. Но таму, го дочекала брутална вистина.
„Само што влегов, докторот ми рече: ‘Што си се направил како свиња? Што убаво дете беше!’ Ја наведнав главата. Знаев дека е во право.“
Резултатите од испитувањата биле катастрофални. Му биле препишани куп лекови, но Петар решил поинаку.

„Ниту една таблета не испив. Си реков – ќе се вратам на стариот Петар. Со егејски инает и пот покрај Вардар.“
Почнал со прошетки, потоа трчање. Вратил старите навики. Терен, вежбање, планинарење. Болки, но и напредок.
„Секое ковче, секое мускулче ме болеше. Ама си велев: Не е битно колку пати ќе паднеш, битно е колку пати ќе станеш!“

По три месеци – кредитот бил вратен. Телото 10 килограми полесно. А кога се вратил кај докторот…
„Ме пречека со зборовите: ‘Е сега личиш на нешто! Треба да продолжиме со терапијата’ А јас му ја покажав кесата со лековите – ни една не беше отворена.“

 

„Човекот во огледалото не бев јас. Тогаш реков: доста е.“

„Ги изгубив клиентите, ама се пронајдов себеси“

Со променети приоритети, Петар престанал да биде „друштвото по кафани“ за клиентите. Многу од нив се оддалечиле. Но тој, вели, не жали.

„Сега имам здравје и луѓе околу мене кои мислат како мене. Си помагаме, се бодриме, секој ден сме се подобри… луѓе!“

Денес, Камиказа трча полумаратони, а од годинава и цели маратони.
„Тоа ми ги отвори очите. Препорачувам на секого – само тргнете. Полека. Првиот чекор е најтежок, ама вреди.“

 

„Ги изгубив клиентите, ама се пронајдов себеси“