Животот е плажа: Жена која тврди дека умрела и оживеала откри каков е задгробниот живот

Кортни Сантијаго (32) рече дека била мртва околу 40 секунди, но дека тоа „се чувствувало како цел живот“.

Г-ѓа Сантијаго отишла на скенирање на дојка со магнетна резонанца во јули минатата година, што редовно го прави поради тоа што има ген што ја изложува на ризик од рак на дојка. Откако ѝ било ставено инфузија нејзиното тело доживеало шок и пулсот и крвниот притисок ѝ паднале. За неколку секунди ја изгубила свеста.

Во видеото г-ѓа Сантијаго рече: „Немаше никаков концепт за време, само чувство на целосен мир. Не бев загрижена дали ќе го оставам зад себе моето тело, мојот живот, мојот син или моето семејство и пријателите – ништо од тоа не се чувствува важно“, рече таа.

 

Таа влегла во „состојба од соништата“, каде што стоела на плажата пред маж кој никогаш не го запознала, но се чувствувала како да го познава одсекогаш. Човекот ѝ рекол дека се е во ред и дека сè уште не е нејзиното време да оди. Одеднаш, нејзината околина почнала да се менува. Таа била во планините, потоа во дворот на нејзиниот дом од детството и други места во кои се чувствувала најмногу поврзана со природата.

Г-ѓа Сантијаго вели дека штом се разбудила, не можела да зборува и дека нејзиното тело се чувствувало целосно вкочането.

Тестовите покажале дека таа има вазовагална синкопа, состојба во која пациентите се онесвестуваат од претерано реагирање на одредени дразби, како што се крв или емоционална вознемиреност. Како одговор, пулсот и крвниот притисок се намалуваат, намалувајќи го протокот на крв во мозокот. Ова предизвикува накратко губење на свеста.

„100 проценти сум сигурна дека она што го видов беше „помеѓу“ и беше многу повеќе од епизода на несвестица“, рече г-ѓа Сантијаго.

Неколку недели пред епизодата, таа имала лошо раскинување и смрт на пријател. Ова можеби придонело за искуството блиску до смртта, рече таа.

Искуството блиску до смрт се активира за време на една единствена опасна по живот ситуација, како на пример кога телото е тешко повредено или нечие срце запира. Експертите веруваат дека 10 до 20 отсто од луѓето чии срца застанале имаат искуство блиску до смрт. Ова е пет проценти од целокупното население.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *