ЖИВОТОТ Е СЛАДОК… ако чекаш ред три часа, за да го купиш највкусниот кроасан во Њујорк за 10 евра!

Секое утро, толпа луѓе се редат во француската пекара „Лафајет“ во Њујорк, со надеж дека ќе купат кроасан од 10 евра. Кроасанот „заработи“ вирална слава на „TikTok“ поради неговиот изглед и вкус за кој половина Њујорк зборува.

 

 

Кружниот ронлив кроасан што пекарата го нарекува „Suprême“ е полн со крем и одозгора има прелив. Прекрасниот изглед на овие кроасани е она што направи да ја стекнат својата вирална слава на прво место, бидејќи нивниот вкус и изглед ги искушуваат луѓето на социјалните мрежи.
Пекарата се отвора во 8 часот и може да се обложите дека уште пред да се отвори, има редица луѓе кои очајно се надеваат да снимат видео како го гризаат кроасанот додека филот со крем совршено истекува.

 

„Лафајет“ прави околу 240 кроасани дневно и ги продаваат на два пати секој ден, еднаш во 8 часот наутро, а потоа во 12 часот.

 

   

И ако сакате да го добиете вашиот кроасан веднаш кога штом се отворат, ќе мора да се наредите во ред барем еден час пред тоа. Кроасаните доаѓаат во два вкуса: чоколадо и одбран вкус на месецот, како што се ф’стаци, розови бобинки, праска и тиква.
И ако можете да си дозволите да поминете голем дел од денот чекајќи ред за кроасан, добро треба да знаете дека пекарата поставила ограничување на тоа колку можете да набавите. „Лафајет“ го ограничува секој клиент на еден кроасан, со што таа линија изгледа уште почудно.

„Мислам дека никогаш во нашите соништа не сме замислиле ваква линија неколку часа пред отворањето. Беше прилично лудо“, изјави извршниот слаткар на „Лафајет“, Скот Чио, во емисијата „Today“.

 

 

Потоа објасни како се прави вкусното пециво, додавајќи дека тестото за кроасан се обликува, потоа се готви и потоа се лади пред да го стават филот со крем внатре. Слаткарот објасни за „The Post“ дека ја имал на ум естетиката при изработката на „Suprême“.