Животот на оваа прекрасна новинарка е спасен благодарение на случаен гледач, кој забележал нешто необично

Дали верувате во ангели чувари? Ако не, оваа приказна има потенцијал да го промени вашето мислење. Минатиот месец, новинарка од телевизија во Флорида, Викторија Прајс, доби е-пошта од една од нејзините гледачи, тврдејќи дека забележала нешто необично на нејзиниот врат додека ја гледала на вести.

Оваа гледачка, која и самата преживеала карцином забележала грутка на вратот на новинарката и ја охрабрила да се провери. Репортерката отишла на лекар и за жал, нејзините резултати за рак на тироидната жлезда биле позитивни. Оваа недела, Викторија конечно го отстрани својот тумор.

„Излезе дека јас имам карцином“, објави Викторија во својот пост. „И должам благодарност на еден од нашите прекрасни гледачи на WFLA што ми даде до знаење.“

„Здраво, само што го видовте извештајот за вести. Она што ме загрижува е грутка на вратот. Ве молиме, проверете ја тироидната жлезда. Ме потсетува на мојот врат. Мојот испадна дека е рак. Грижете се за себе.“, пишала гледачката.

Една недела подоцна по добивањето на е-поштата, Прајс отишла кај лекар. Таа добила проверка на крв, по што следел ултразвук. Резултатите биле сомнителни и заради тоа таа била упатена до специјалист за тироидната жлезда. Подоцна, новинарката откри дека има рак на тироидната жлезда и дека се шири на нејзините лимфни јазли.

За среќа гледачката ја информирала новинарката на време и иако ракот се шири сепак не е дојден до степен да не може да се отстрани. Викторија ја напрвила операцијата и се опоравува, со надеж дека ова ќе биде првата и последна процедура.