Златен Даб на оригинален начин ја поддржува домашната уметничка сцена: Нови Limited Edition лименки дизајнирани од наши двајца уметници
Златен Даб и овојпат покажа дека најдобар начин да се поддржи домашната уметничка сцена, е да се отстапи простор за креативен израз на нашите уметници.
Оваа година, можност да дизајнираат „limited edition“ лименка Златен Даб ја имаа двајца македонски артисти, Калина Брајковска и Гоце Илиевски. Инспирирани од брендот, приказната на пивото, но и од сопствени мотиви, уметниците креираа автентични, свежи и оригинални дизајни коишто несомнено ќе ги освојат срцата на сите љубители на Златен Даб.
Предизвикот да се отвори простор за креативна размена со широка публика е голем и привлечен за домашните артисти. Идејата, артистите од различни сфери да се вклучат во процесот на создавање на дизајн на лименка на Златен Даб е секогаш одлично прифатена и создава нови можности за инспирација и креативно изразување. Токму тоа е и фокусот на брендот Златен Даб – поддршка на македонската уметничка сцена.
Limited edition лименките беа промовирани на настан во кафе барот Casa на 27.05, а посетителите уживаа во бургери од Fat Kitchen, звуците на Dj Pancho aka Shorty P (Sure Shotz) како и свежината на Златен Даб.
Коментирај анонимно