Златен кафез: Руска јахта која често може да се види на Јадранот, и за која не треба да се зборува

Луксузната јахта на рускиот богаташ Андреј Мелниченко привлекува внимание каде и да оди, но на јавноста и е дозволено да фрли око само на необичната надворешност.

„Изгледа како пиратски брод од иднината“ или „Никогаш не сум видел нешто слично“, се само некои од коментарите што можеа да се слушнат на хрватското крајбрежје во последниве години кога локалните жители и туристите се собираат на тераси и плажи во обид „да фатат парче луксуз“.


Долга е 142 метри, а на патниците им стојат на располагање осум палуби. Невообичаените  искривени јарболи се високи и до 100 метри.

Но, тој златен кафез за кој многумина велат дека крие неопислив луксуз, не е достапен за сите. На оние што за среќа успеваат да влезат внатре им е забрането да откриваат детали во јавноста.

Јахтата А, која го должи своето име на името на сопственикот, вреди околу 400 милиони долари и често може да се види на  Јадранот.  Внатрешноста на необичната јахта е дело на  францускиот дизајнер Филип Старк.

Парче од ентериерот го објави британското списание „Сан“ додека јахтата крстареше по Балеари. Прозорци отпорни на експлозија, проѕирен под низ кој можете да го видите морскиот свет, базен и теретана, се само мал дел од јахтата во сопственост на еден од најбогатите Руси во светот.