Златен медал за Македонија на Балканското атлетско првенство: Дарио Ивановски победи на трката на 3000 метри

На Балканско првенство за Сениори-ки во сала кое се одржува во Истанбул – Турција, со учество на 22 држави членки на Балканската атлетска федерација со преку 250 атлетичари, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3000 метри го освои првото мести и ЗЛАТНИОТ медал со резултат 8.03.95.

Покрај него на Балканското првенство учество зема и Јован Стојоски во трката на 400м со резултат 48.62 сек, кој исто така исполни норма за учество на Европско првенство.

Дарио трчаше и во дисциплината 1500 метри и исполни норма за учество на Европско првенство во сала кое ќе се одржи во Торун, Полска на 5-7 Март 2021 година.