Златниот ретривер му носи оброци на својот сопственик кој им помага на 600 соседи во карантин поради коронавирусот

Умен златен ретривер му помага на својот сопственик да се бори со појавата на коронавирусот во Вухан, носејќи му топли оброци на човекот секој ден. Сопственикот на кучето Ксјао Ксјао волонтирал да им пазари на своите 600 соседи кои биле ставени во карантин веќе еден месец.

Миленичето, Хани му доставува ручеци на 31-годишниот волонтер, кој обично е презафатен за да ја напушти функцијата, јавуваат кинеските медиуми. Мајката на Ксјао го подготвува јадењето, а потоа кучето се слушта од четвртиот кат, му го дава јадењето, го чека сопственикот на заврши и потоа повторно ја враќа торбата назад.