Злато и скапоцени камења се појавија на брегот на едно сиромашно село

Жителите на едно сиромашно село во Венецуела не ја напуштаат плажата затоа што почнаа да наоѓаат злато, скапоцени камења и накит на брегот. Никој не знае како овие богатства дошле до плажата, а досегашните испитувања тврдат дека скапоценостите се произведени во Европа, во втората половина на 20 век.